УТРО.мк

Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје

Дете се бори за живот по крвава тепачка во Скопје
Vero

Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, дознава Телма. Според болнички извори, детето е во исклучително тешка здравствена состојба.

Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, велат за Телма извори од Министерството за внатрешни работи (МВР). Во тепачката биле употребени ножеви и безбол-палки.

Еден од малолетниците, роден 2012 година, признал дека користел нож, но целосната форензика треба да покаже дали токму со него му биле нанесени тешките повреди на 13-годишното дете. Неговиот брат, роден во 2007 година, одбива да даде исказ.

Полицијата го расчистува случајот и ги утврдува улогите на сите учесници во инцидентот. Се подготвува кривична пријава за обид за убиство, но последната квалификација ќе ја даде обвинителствто

Извор: Телма.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin