УТРО.мк

Дел од кандидатите за пожарникари отпаднаа поради неуредна документација

Дел од кандидатите за пожарникари отпаднаа поради неуредна документација
Vero

Дводневната обука за кандидати пријавени на јавниот повик за превенција од пожари, организиран од Владата, официјално започна денеска. Како што информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, обуката ја започнале 364 кандидати во 13 градови низ државата, кои ќе бидат распределени во 28 општини.

Ангелов истакна дека дел од кандидатите биле елиминирани во првата, административна фаза поради неуредна, нецелосна или неправилна документација. Во Скопје, од вкупно 50 пријавени, на обука се појавиле 34 лица, додека останатите не ја поминале административната селекција.

„Она што можам да го кажам како прва импресија е дека има одлични кандидати за кои верувам дека успешно ќе ја завршат оваа обука и ќе бидат добар потенцијал за пополнување на испразнетите редови во македонските противпожарни единици“, изјави Ангелов.

По завршувањето на обуката, кандидатите ќе бидат распоредени по територијалните противпожарни единици, додека тие што се од Скопје ќе бидат ангажирани во рамки на Дирекцијата за заштита и спасување. За нив е предвидена и континуирана обука, а во случаи каде нема ризик, ќе бидат вклучени на терен за практично усовршување на вештините.

Секој ангажиран кандидат ќе добива месечна финансиска поддршка во износ од 24 илјади денари.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран