УТРО.мк

Четири активни пожари низ Македонија, изгаснати 25 – ЦУК во состојба на зголемена готовност

Четири активни пожари низ Македонија, изгаснати 25 – ЦУК во состојба на зголемена готовност
Vero

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека на 2 и 3 јули на територијата на државата биле евидентирани вкупно 29 пожари на отворен простор. Од нив, 25 се успешно локализирани и ставени под контрола, додека четири пожари остануваат активни и бараат постојана интервенција и мониторинг.

Активни пожари:

Прилеп, с. Бешиште / Новаци, с. Градешница:

Пожарот зафаќа приземна вегетација во квалитетна мешана шума. Иако огнената стихија кај с. Градешница беше претходно смирена, утрово повторно се разгоре.

Валандово (с. Грчиште) и Богданци (с. Паљурци – Богданци):

Запалена е ниска вегетација и мешана ниска шума. Пожарите се шират поради силниот ветер и високите температури.

Македонски Брод, с. Црешнево:

Горлива површина со деградирана дабова шума, на терен со отежнат пристап, што дополнително го отежнува гаснењето.

Старо Нагоричане, с. Длабочица:

Пожарот се шири низ мешана шума со бор и бука, на тежок и непристапен терен.

ЦУК апелира: Не палeтe оган на отворено!

ЦУК координира активности со сите надлежни служби – противпожарни единици, локални самоуправи, Шумска полиција и подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Граѓаните се повикуваат на максимална внимателност, да не палат оган на отворено и да пријават било каква појава на чад или пламен на телефонскиот број 112.

Ризикот останува висок

Поради екстремно сувата вегетација, високите температури и силниот ветер, опасноста од појава и ширење на нови пожари останува многу висока. ЦУК останува во состојба на зголемена готовност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран