УТРО.мк

Бројот на заболени од грип расте, но засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст

Бројот на заболени од грип расте, но засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст
Vero

Од 5 до 11 јануари регистрирани се 2.322 случаи на грип, што е за 34,6% повеќе во однос на претходната недела. Според Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), активноста на вирусот е средна на национално ниво, а растот на заболени е очекуван за овој период од годината. Пикот на сезоната се прогнозира кон крајот на јануари до средината на февруари.

Раководителот на Одделот за епидемиологија на заразни болести при ИЈЗ, д-р Драган Кочински, посочи дека поради сегашната средна активност нема потреба од воведување мерки како продолжување на зимскиот распуст. Сепак, доколку состојбата се промени, ќе бидат предложени соодветни препораки.

Забележан е раст на бројот на хоспитализирани, како кај возрасните така и кај децата, но болничките капацитети не се исполнети. Најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години, додека највисока инциденца има кај децата до 14 години. Од вкупно 31 регион, најмногу заболени се регистрирани во Скопје (556), Тетово (308), Куманово (266) и Охрид (202). Во пет регионални центри има многу висока активност на грипот – Дебар, Охрид, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино.

Во текот на втората недела од годинава е пријавен еден смртен случај асоциран со грип – жена од 75 години од Скопје со коморбидитети, која не била вакцинирана. Лабораторијата на ИЈЗ потврди присуство на инфлуенца А, а исто така детектирани се седум случаи на респираторен синцицијален вирус и еден на Ковид-19.

Од почетокот на сезоната, од октомври до 11 јануари, регистрирани се 6.147 заболени од грип, што е зголемување од 2,6 пати во споредба со истиот период лани и за 27% повеќе од просекот на последните 15 сезони. Од 515 испратени материјали за тестирање, 65 биле позитивни за грип, со доминација на инфлуенца АХ3 (66%), а регистрирани се и шест случаи на Ковид-19 и 21 на респираторен синцицијален вирус.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран