УТРО.мк

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина

Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина
Vero

„Македонија направи јасен стратешки избор: нашата иднина е зелена, енергетски сигурна и одржлива.Eнергетската политика повеќе не се однесува само на производство на електрична енергија. Таа се однесува на економската конкурентност, јавното здравје, заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на живот на нашите граѓани“, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на денешниот состанок на Третиот управувачки комитет во рамките на Програмската рамка помеѓу Сида и УНДП. На состанокот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Златко Перински, амбасадорот на Шведска во земјава, Ола Солстром, постојаниот претставник на Развојната програма на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан, како и претставници на локалната самоуправа и институции. 

Изразувајќи благодарност на Шведска и УНДП за нивната континуирана поддршка, министерката Божиновска потенцираше дека взаемното партнерство ни помогнало да изградиме посилни институции, да развиеме иновативни решенија и да ги забрзаме реформите кои носат реални придобивки за нашите граѓани.

„Владата останува цврсто посветена за резултатите постигнати преку овие напори да станат дел од нашите долгорочни национални политики. Заедно, не само што се справуваме со денешните предизвици — туку градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија“, рече министерката Божиновска. 

Ова партнерство, според министерката, покажува како меѓународната соработка, националната сопственост и локалната акција можат заеднички да одговорат на едни од најголемите предизвици на денешницата: загадувањето на воздухот, климатските промени, енергетската сигурност и одржливиот локален развој.

Министерката посочи дека Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја става зелената транзиција во центарот на својата агенда. 

„Го забрзуваме инвестирањето во обновливи извори на енергија, ги унапредуваме мерките за енергетска ефикасност и создаваме услови за постепена декарбонизација на нашата економија.Но, зелената транзиција мора да донесе видливи придобивки за луѓето. Чистата енергија значи почист воздух. Тоа значи пониски емисии, поздрави заедници и модерни општини кои се подобро подготвени да привлекуваат инвестиции и да создаваат можности за локален развој“, нагласи министерката Божиновска. 

Програмската рамка Сида–УНДП, како што рече министерката Божиновска, е од особена важност бидејќиги поврзува националните приоритети со локалната акција и им помага на институциите да преминат од планирање кон имплементација, покажувајќи дека одржливи решенија се можни кога владите, општините, развојните партнери и граѓаните работат заедно.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin