УТРО.мк

Пожар во зграда во Центар – пет лица вдишале чад

Пожар во зграда во Центар – пет лица вдишале чад
Vero

Во пожар што ноќеска избувнал во поткровје на зграда во скопската населба Центар, пет лица побарале лекарска помош поради вдишување чад.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пожарот бил пријавен на 26 јуни околу 02:25 часот во СВР Скопје.

Во обид да го изгаснат огнот со противпожарни апарати, чад вдишале две лица, Д.С. (54) и Б.А. (49), двајцата од Скопје, по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.

Подоцна, на лекарски преглед се јавиле уште три лица со симптоми поради вдишување чад.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin