УТРО.мк

Србин летал со 221 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија

Србин летал со 221 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија
Vero

На 25 февруари 2026 година, во 20:10 часот, на автопатот Скопје–Гевгелија кај местото Милетково, полициски службеници од ОВР Гевгелија лишија од слобода 60-годишен српски државјанин.

При сообраќајна контрола со радар, било констатирано дека тој управувал патничко возило „бмв“ со српски регистарски ознаки со брзина од 221 километар на час, на дел од патот каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека возилото е одземено, а лицето е задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin