„Секои пет години во Македонија избувнува по еден нов „Вотергејт“ – скандал со државната безбедност,“ вели денес претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, предупредувајќи на сериозни системски слабости во безбедносниот апарат на државата.
Богојески смета дека причината за повторувањето на ваквите случаи е заробеноста на општеството во длабоки структури и навики од минатото.
„Кај нас сè уште се практикува сталинистички однос кон граѓаните,“ нагласува тој.
Во неговиот статус тој остро ја критикува улогата на тајната полиција, која наместо да се насочи кон справување со вистински закани, терористи и криминални мрежи, својата енергија ја трошела на следење опозиционери, новинари и уценување бизнисмени.
„Таквата злоупотреба не е само неправда, туку и тежок удар врз демократијата,“ потенцира Богојески.
Со ваквите зборови, претседателот на Македонски концепт испраќа јасна порака дека неопходна е темелна реформа на безбедносниот систем, за државата да се ослободи од наследените практики и да се изгради вистински демократски капацитет.