
Рано утринава, жителите на охридско-струшкиот регион беа разбудени од блага потресна активност. Според сеизмолошките мерења, земјотресот имал јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала.
Потресот се случил во 04:00 часот наутро на 2 јануари 2026 година, а епицентарот бил забележан во близина на Подмолје, на половина пат меѓу Охрид и Струга, на длабочина од 15 километри.



























