
Извршниот директор на Коалицијата „Сите за правично судење“, Дарко Аврамовски, во интервју за РСЕ, оценува дека случајот со трагедијата во Кочани е „колатерална штета“ од измените на Кривичниот законик.
Тој посочува дека процесот со 35 обвинети и три фирми е премногу обемен и уште од почетокот бил лошо конципиран, што влијае и на правичноста и на динамиката на судењето.
Според него, дел од обвинетите требало да се гонат за коруптивни дела, но поради законските измени тие би застареле, па сите се опфатени со исто кривично дело, што дополнително го отежнува процесот.























