УТРО.мк

Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД

Армијата добива 42 моќни борбени „Страјкери“ од САД
Vero

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денес ја разгледа потребата за доделување на амандманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402), кој се однесува на набавката на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE. Договорот е склучен помеѓу владите на Република Македонија и на Соединетите Американски Држави.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, појасни дека станува збор за чисто техничка измена, која е неопходна за правилно управување со опремата што пристигнува од САД. Тој истакна дека 17 од возилата веќе се на пристаништето во Грција и дека амандманот ќе овозможи нивна понатамошна инсталација на целата потребна опрема.

– Овој амандман е исклучиво технички и се прави по барање на Соединетите Американски Држави. Целта е сите возила да поминат правилно технички проверки и да бидат подготвени за целосна обука и употреба од страна на нашата Армија. Нема никакви дополнителни трошоци или измени во договорот – нагласи Мисајловски.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран