УТРО.мк

Апелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов на затворска казна од три години и десет месеци за трговија со дрога

Апелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов на затворска казна од три години и десет месеци за трговија со дрога
Vero

Апелациониот суд во Скопје донесе нова одлука во случајот против Васил Јованов, кој ја прегази младата Фросина Кулакова, осудувајќи го на три години и десет месеци затвор за трговија со наркотични дроги. Одлуката следува откако Врховниот суд претходно ја укина првичната пресуда и го врати предметот на повторно одлучување.

„Се преиначува решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година во делот на изречената санкција, на начин што наместо мерката упатување во воспитно-поправен дом, се изрекува затворска казна“, соопшти Апелациониот суд.

Јованов е прогласен за виновен за две дела поврзани со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За едното дело му е изречена казна од една година затвор, а за другото – три години, што согласно Кривичниот законик резултира со единствена казна од три години и десет месеци.

Во посебен случај, во мај оваа година, Јованов беше осуден на 12 години затвор за сообраќајната несреќа во која ја усмрти 24-годишната Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот „Партизанска“ во Скопје.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран