УТРО.мк

Алиу: Нема повеќе мито за операции!

Алиу: Нема повеќе мито за операции!
Vero

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека практиката на барање мито за хируршки интервенции е надмината со воведувањето на транспарентни листи на чекање за операции.

Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Алиу истакна дека новиот систем овозможува поголема контрола и увид во термините за операции, со што се намалуваат можностите за злоупотреби во здравствениот систем.

Тој појасни дека граѓаните сега можат да проверат колку се чека за одредена интервенција, бидејќи постојат посебни листи на чекање за секој лекар, одделение и вид на здравствена услуга.

Како дополнителна мерка за поголема транспарентност, министерот посочи дека се отворени канали за комуникација, преку кои граѓаните можат лично или онлајн да пријавуваат неправилности и злоупотреби во здравството.

Според него, со новиот модел се елиминираат ситуации во кои пациентите биле упатувани на приватни плаќања поради подолги термини за чекање.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран