УТРО.мк

Отворена нова претклиничка лабораторија на Стоматолошкиот факултет во Скопје

Отворена нова претклиничка лабораторија на Стоматолошкиот факултет во Скопје
Vero

Во Скопје денеска беше ставена во функција нова специјализирана лабораторија на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, која ќе се користи за претклиничка обука на студентите и нивно практично усовршување уште во раните фази од студиите.

Инвестицијата во овој современ простор изнесува околу 10 милиони денари, средства кои се обезбедени со заедничко финансирање од Министерството за образование и наука и самиот универзитет.

На свеченото отворање присуствуваше министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, која нагласи дека континуираното вложување во образовната инфраструктура е директен чекор кон поквалитетна настава и подобро подготвени идни професионалци.

Таа информираше и дека вкупните средства предвидени за универзитетите оваа година надминуваат 7,5 милијарди денари, што претставува значително зголемување во однос на 2023 година, речиси двојно повеќе.

Јаневска посочи дека се очекува наскоро во собраниска процедура да влезе новиот Предлог-закон за високо образование, кој треба да донесе подобрувања во условите за студирање, како и во работата на наставниот кадар, со крајна цел подигнување на квалитетот на целиот образовен систем.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран