УТРО.мк

Албанскиот амбасадор повикан во МНР – добил устен демарш

Албанскиот амбасадор повикан во МНР – добил устен демарш
Vero

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денјон Мејдани, денеска бил повикан во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, каде што му бил упатен устен демарш поради неговите неодамнешни јавни настапи и изјави поврзани со употребата на албанскиот јазик во државата.

Според информациите, на средбата во МНР не присуствувал лично Мејдани, туку неговиот заменик, на кого му била пренесена реакцијата на македонската страна. Во Министерството било посочено дека дел од изјавите на амбасадорот се оценети како несоодветни и дека се движат на границата меѓу вообичаената дипломатска комуникација и можноста за мешање во внатрешните работи на земјата.

Од МНР нагласиле дека во иднина се очекува јавните настапи на дипломатските претставници да бидат во духот на добрите билатерални односи, меѓусебното почитување и дипломатските стандарди.

Мејдани изминативе денови јавно ја коментираше употребата на албанскиот јазик во Македонија, а даде поддршка и на протестите поврзани со полагањето на правосудниот испит на албански јазик.

Во меѓувреме, албанската телевизија „А2“ објави дека постои можност Тирана да го отповика амбасадорот, повикувајќи се на извори од македонските институции и албанското МНР. Според телевизијата, реакции за активностите на Мејдани имало од страна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди.

Копретседателот на Вреди, Биљал Касами, денеска изјави дека ниту неговата партија ниту Владата побарале отповикување на албанскиот амбасадор.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран