УТРО.мк

Во Варна ќе се гради споменик на Светите Кирил и Методиј и нивните ученици

Во Варна ќе се гради споменик на Светите Кирил и Методиј и нивните ученици
Vero

Со благослов на Варненскиот и Великопреславски митрополит Јоан, во Варна ќе биде подигнат споменик посветен на Светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици – Свети Климент, Свети Наум, Свети Горазд, Свети Сава и Свети Ангелариј.

Споменикот претставува донација од Варненскиот слободен универзитет „Црноризец Храбар“, по повод 35-годишнината од неговото основање, јавува БГНЕС.

Во проектот се вклучи и Здружението „Бугарски родољубци“, а иницијативата доби широка поддршка од повеќе од 30 организации, како и од претставници на локалната самоуправа, културни и образовни институции и граѓани на Варна.

Претседателот на универзитетот, Красимир Недјалков, истакна дека Светите Седмочисленици претставуваат духовен ориентир и симбол на просветата и духовната сила.

„Верувам дека овој споменик ќе остане за идните генерации како израз на почит кон културното наследство и порака дека без знаење, духовност и историска меморија нема иднина“, изјави Недјалков.

Универзитетот ќе покрие околу 70 проценти од трошоците за изградбата, а идејното решение е донација од студенти и професори.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран