УТРО.мк

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, прв случај регистриран и во Тетово

70 случаи на западнонилска треска во Македонија, прв случај регистриран и во Тетово
Vero

Во Македонија досега се регистрирани 70 случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 22 септември.

Од вкупниот број заболени, 65 случаи се лабораториски потврдени, додека пет се водат како веројатни случаи, согласно важечката дефиниција за случај.

Најголем број заболени и натаму има во Скопје, каде што се регистрирани 63 случаи. Во Велес има три случаи, додека по еден случај е евидентиран во Куманово, Свети Николе и Кавадарци.

Во најновиот извештај на ИЈЗ е регистриран и првиот случај на западнонилска треска во Тетово.

Со новиот случај, заболувањето досега е потврдено во повеќе градови во земјава, но Скопје и натаму значително предничи според бројот на регистрирани случаи.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран