
Министерството за внатрешни работи (МВР) објави Јавен повик за прием на 200 редовни ученици кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7-ми Мај“ во Полициската академија.
Кандидатите кои ќе имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во средното полициско училиште.
Секој од кандидатите треба да ги исполни следните општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- да нема навршено 18 години возраст на денот на објавување на јавниот повик за прием на ученици во Средното полициско училиште,
- активно да го користи македонскиот јазик и
- да е здравствено и психофизички способен.
Исто така, општиот успех во двете завршени години средно образование треба да биде најмалку „добар“ и на ученикот да не му се изрекувани педагошки мерки во училиштето каде што ги завршил прва и втора година средно образование во средно училиште.
Во зависност од потребите на Министерство за внатрешни работи, ќе постои можност паралелно да продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.
Сите услови и целосниот Јавен повик можете да го погледнете ТУКА.

















