УТРО.мк

164 пешаци санкционирани во август – МВР со нов извештај за сообраќајот

164 пешаци санкционирани во август – МВР со нов извештај за сообраќајот
Vero

Македонската сообраќајна полиција во август санкционирала вкупно 164 пешаци кои не ги почитувале правилата за сообраќај, како и 81 возач на електричен тротинет.

Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, во истиот период биле казнети и 1.149 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем. Вкупниот број на регистрирани сообраќајни прекршоци во текот на месец август изнесува 19.343, а полицијата привела 82 возачи низ патиштата во земјава.

Од МВР нагласуваат дека контролите продолжуваат и во наредните денови, со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, заеднички придонесувајќи за побезбедни патишта.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран