УТРО.мк

ЗНМ прославува 80 години со доделување на годишни награди

ЗНМ прославува 80 години со доделување на годишни награди
Vero

Македонската новинарска сцена вечерва ќе слави значаен јубилеј – 80-годишнината од основањето на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Прославата ќе се одржи во просториите на Македонската опера и балет, каде што ќе се одбележи долгогодишната посветеност на организацијата кон новинарската професија и слободата на изразување.

Во рамки на свеченоста, ЗНМ ќе додели неколку престижни награди кои ги признаваат врвните достигнувања во новинарството. Меѓу нив се: „Крсте Петков Мисирков“ за животно дело, наградата „Јашар Еребара“ за истражувачко новинарство за 2025 година, како и признанието за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење за 2025 година.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран