УТРО.мк

Вреди 330.000 евра и има само 20 вакви во светот: Еден Maserati снимен во Скопје

Вреди 330.000 евра и има само 20 вакви во светот: Еден Maserati снимен во Скопје
Vero

Еден од само 20 произведени примероци на специјалната серија „Maserati MC20 Icona“ е забележан на улиците во Скопје, во близина на „Сити мол“.

Станува збор за ексклузивен модел произведен во 2024 година, со кој „Maserati“ одбележува 20 години од враќањето во светот на мотоспортот со легендарниот MC12.

Посебноста на овој автомобил дополнително ја нагласува ознаката „UNA DI 20“, што во превод значи „еден од 20“. Токму ограничената серија го прави моделот исклучително редок, бидејќи во целиот свет се произведени само 20 автомобили од оваа верзија.

„Maserati MC20 Icona“ е дел од специјалната колекција со која италијанскиот производител се навраќа на своето тркачко наследство и на периодот кога MC12 се натпреваруваше на светската GT сцена.

Цената на овој ексклузивен автомобил изнесува околу 330.000 евра, што го става меѓу најскапите автомобили кои можат да се видат на скопските улици.

Фактот што еден од само 20 примероци во светот се појави во Скопје привлече внимание кај љубителите на автомобили и минувачите кои го забележаа автомобилот во близина на „Сити мол“.

Извор: newz24live

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin