Српската пејачка Ана Николиќ (46) објави вознемирувачко видео на својот Инстаграм профил, на кое се гледа со солзи во очите, крвава маица и модринки на лицето и телото. Во снимката, таа тврди дека за нападот е одговорен композиторот Горан Ратковиќ Рале, со кого имала конфликт.
„Ми доаѓа крв од сите страни, не можам да зборувам… Ова е крај, пријавив во полиција, доста е“, изјави Николиќ, додавајќи дека клучевите од нејзиниот дом останале кај Ратковиќ и дека повеќе не сака да има никаков контакт со него.
Ратковиќ по давањето изјава за медиумите рече дека „се е во ред“, но потврди дека имал расправија со пејачката и дека има изречена мерка забрана за приближување во траење од 48 часа.
По заминувањето од полициската станица, Ана Николиќ била пренесена во Ургентен центар во Белград во придружба на пријателка, каде, според пишувањата на српските медиуми, била вознемирена и правела сцени во болничките простории.
Ова не е прв пат јавноста да биде потресена од фотографии и видеа на Николиќ со модринки. Во јули, регионалните портали објавија слични снимки, за кои подоцна беше откриено дека се стари две години и настанати по козметички третман, а во јавноста биле пуштени по нејзина кавга со пријател.
Ана Николиќ повеќе од две децении е дел од музичката сцена, позната по хитовите „Ромале, ромали“, „Милион долара“, „Пилули“ и „Ѓаво“, но исто толку често е во центар на внимание и поради бурниот приватен живот.
Ana Nikolić okačila na svoj Instagram pre 30min. Nemam šta da dodam, sem da mi se srce slama zbog ove žene.#caosvima pic.twitter.com/wW2fgOtQpD
— pisaci sto (@pisacisto) August 23, 2025