УТРО.мк

(ВИДЕО) Избегната трагедија во Охрид: параглајдер ненадејно слета меѓу луѓе на Куба Либре и удри во канделабра

(ВИДЕО) Избегната трагедија во Охрид: параглајдер ненадејно слета меѓу луѓе на Куба Либре и удри во канделабра
Vero

Вистинска драма се одвивала на патеката кај Куба Либре во Охрид, откако параглајдер изгубил контрола при слетување и за малку избегнал сериозна несреќа со минувачите.
Според видеото кое се споделува на социјалните мрежи, леталото се приближувало опасно ниско над земјата, директно кон луѓето кои се движеле по патеката.

Во последен момент, параглајдерот ја променил насоката, но наместо безбедно слетување, завршил удирајќи во канделабра.


Очевидци сведочат дека сцената била шокантна, а присутните реагирале панично, обидувајќи се да се тргнат од патеката на леталото.
За среќа, според првичните информации, нема пријавени потешки повреди, но инцидентот отвори сериозни прашања за безбедноста при ваквите активности во урбани и туристички зони.


Надлежните служби се очекува да утврдат како дошло до губење на контролата и дали биле почитувани сите безбедносни протоколи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран