
Необичен инцидент предизвика вистинска паника во едно кафуле во Истанбул, откако силен звук од бас ги натера присутните да помислат дека се случува земјотрес.
На видеото кое се шири на социјалните мрежи се гледа како предметите во локалот почнуваат да вибрираат, чашите и масите се тресат, а гостите во страв нагло стануваат и трчаат кон излезите.

Според сведоштвата, извор на „потресот“ бил екстремно силен бас од аудио систем, кој предизвикал вибрации доволно силни да создадат чувство како при земјотрес.
Во првите моменти никој не бил сигурен што се случува, па дел од присутните панично го напуштиле објектот, стравувајќи од поголема опасност.
За среќа, нема информации за повредени лица, а ситуацијата брзо се смирила откако било утврдено дека не станува збор за природна непогода.
Видеото предизвика бројни реакции на интернет, каде корисниците коментираат за невообичаената ситуација и силата на звукот што предизвикал ваков ефект.























