
Вистински метеж и паника настана на една улица во Виена откако инфлуенсер од балкон почнал да фрла купишта пари – наводно околу 10.000 евра. Видеото што се прошири на социјалните мрежи покажува како минувачите во секунди се претвораат во толпа која трча, се турка и се тепа за да зграпчи што повеќе пари.
Очевидци велат дека ситуацијата брзо излегла од контрола – луѓе се качувале еден врз друг, сообраќајот бил блокиран, а дел од присутните се обидувале да се искачат до зградата од која се фрлале парите. Според локални извори, полицијата морала да интервенира за да ја растера толпата и да спречи поголем инцидент.
Засега нема официјална информација дали против инфлуенсерот ќе биде покрената постапка, но ваквото однесување во Австрија може да се третира како нарушување на јавниот ред и безбедност.
Видеото веќе собра милиони прегледи, но наместо позитивна реакција – предизвика жестоки критики на социјалните мрежи, каде многумина го нарекоа потегот „опасен“ и „неодговорен“, бидејќи можел да заврши со сериозни повреди.























