
Седумдесетгодишна жена од селото Мислодежда го загуби животот откако била удрена од товарно возило на улицата „Струшки Кепенци“ во Струга. Несреќата се случила вчера попладне околу 16:30 часот.
Според информациите од МВР, товарно возило „Ивеко“ со струшки регистарски таблички, управувано од 57-годишен стружанец, удрило во жената додека таа се движела по улицата. Повредената веднаш била пренесена во Медицинскиот центар во Струга, но подоцна им подлегнала на повредите.
На местото на несреќата бил извршен увид од полицијата, а возачот бил лишен од слобода неколку часа подоцна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.























