УТРО.мк

Танцовиот клуб „Денсерс јунајтед“ од Македонија освои 17 медали на Светскиот куп во Италија

Танцовиот клуб „Денсерс јунајтед“ од Македонија освои 17 медали на Светскиот куп во Италија
Vero

Македонските танцови таленти од клубот „Денсерс јунајтед“ оставија силен впечаток на меѓународната сцена. На Светскиот куп во танц што се одржа во Лењано, Италија, скопските танчери се вратија со вкупно 17 медали: осум златни и девет сребрени, потврдувајќи го нивното врвно ниво на подготовка и сценска изведба.

Овој престижен натпревар, под покровителство на Светската федерација за уметнички танц (ВАДФ), собори рекорди по квалитет и број на учесници од различни земји. Македонската делегација, составена од 23 талентирани танчери, ја претстави земјата со самодоверба и техничка извонредност, оставајќи силен впечаток кај меѓународната публика и судиите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран