УТРО.мк

Со едноставен трик можете да ги држите смрдливите бубачки подалеку од домот

Со едноставен трик можете да ги држите смрдливите бубачки подалеку од домот
Vero

Со доаѓањето на постудените денови, смрдливите бубачки сè почесто бараат топло и безбедно место за засолниште. Поради тоа, куќите и становите може да им станат идеално место за презимување, особено околу прозорците и вратите.

Еден едноставен трик кој може да помогне е нането. Интензивниот мирис на нане наводно им пречи на овие инсекти, па свежи гранчиња може да се постават на прозорските даски, покрај балконските врати или на други места каде што забележувате дека бубачките влегуваат во домот.

Како алтернатива, може да се користи и етерично масло од нане разредено со вода. Со оваа мешавина може да се пребришат надворешните рамки на прозорците и вратите, односно местата каде што инсектите најлесно можат да најдат пат кон внатрешноста.

Сепак, нането само по себе нема да биде доволно доколку има отворени места низ кои бубачките можат да влезат.

<strong>Проверете ги прозорците и вратите</strong>

Особено внимание треба да се посвети на пукнатините и малите отвори околу прозорците и вратите. Токму преку нив смрдливите бубачки можат да се протнат во домот во потрага по топлина.

Доколку сепак забележите смрдлива бубачка во вашиот дом, избегнувајте да ја газите или гмечите. При гмечење може да испушти специфичен и непријатен мирис.

Наместо тоа, инсектот може внимателно да се фати со чаша и парче хартија и да се изнесе надвор. На тој начин ќе го отстраните од домот без да оставите непријатна миризба во просторијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin