УТРО.мк

Сите ја фрлаат кората од лубеница, а не се ни свесни какви придобивки нуди: Еве како да ја искористите

Сите ја фрлаат кората од лубеница, а не се ни свесни какви придобивки нуди: Еве како да ја искористите
Vero

Лубеницата е еден од омилените летни овошја, но по уживањето во сочниот црвен дел, повеќето луѓе без размислување ја фрлаат кората. Сепак, токму делот кој најчесто завршува во отпад може да содржи корисни хранливи материи кои можат да бидат вреден додаток во исхраната.

Најголемото богатство не се наоѓа во зелената тврда кора, туку во белиот слој кој се наоѓа веднаш под неа. Иако има поблаг вкус и често се занемарува, овој дел содржи соединенија кои можат да имаат позитивно влијание врз организмот.

Една од најзначајните материи во кората од лубеница е аминокиселината цитрулин. Таа може да придонесе за подобра циркулација и опуштање на крвните садови, што е важно за нормалното функционирање на срцето и мускулите.

Освен цитрулин, белиот дел од кората содржи и диететски влакна кои се важни за правилна работа на дигестивниот систем. Влакната можат да помогнат за подобра пробава, поредовна работа на цревата и подолго чувство на ситост.

Кората од лубеница не мора да се јаде свежа. Постојат повеќе начини да се искористи во кујната. Еден од најпопуларните е маринирање, слично како кисели краставички, со додавање оцет, лук и зачини.

Може да се додаде и во смути, во комбинација со банана, јаболко, лимета или друго овошје со посилен вкус. Ренданиот бел дел може да се користи и како додаток во салати или варени јадења, каде што дава крцкава текстура и дополнителна хранлива вредност.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin