УТРО.мк

Нов автомобил на европскиот пазар стана хит: Месечната рата е пониска од онаа за мобилен телефон

Нов автомобил на европскиот пазар стана хит: Месечната рата е пониска од онаа за мобилен телефон
Vero

Германскиот пазар на електрични автомобили бележи нов раст, а една од најголемите изненадувања е кинескиот производител Leapmotor, чиј градски модел T03 привлече големо внимание поради исклучително ниската лизинг понуда.

Благодарение на повторно воведените државни субвенции за купување електрични возила во Германија, овој модел може да се земе на лизинг за само 48,90 евра месечно, што е сума споредлива со месечна сметка за мобилен телефон.

Понудата важи за период од 36 месеци, со ограничување до 10.000 километри годишно. Редовната цена на возилото изнесува 18.900 евра, а по истекот на договорот купувачите можат да одлучат дали ќе го откупат автомобилот за 11.139 евра или ќе го вратат.

Од компанијата велат дека ниската цена не е резултат на распродажба, туку комбинација од државната поддршка и нивната производна стратегија. Leapmotor голем дел од компонентите ги развива и произведува самостојно, со што ги намалува трошоците за производство.

Производителот посочува и дека моделот T03 ги исполнува европските безбедносни стандарди, отфрлајќи ги сомнежите дека ниската цена е поврзана со квалитетот или регулаторни промени.

Компанијата воедно бележи значителен раст на продажбата. Во првите шест месеци од 2026 година испорачала 356.487 возила, што е зголемување од 95 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Примерот од Германија покажува дека државните субвенции можат значително да влијаат врз достапноста на електричните автомобили и да го забрзаат преминот кон поеколошки превозни средства.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin