
Полициски службеници во Тетово во раните утрински часови привеле 22-годишен гостиварец кој управувал возило и покрај активна забрана за управување со моторно возило.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот се случил на 11 јули 2026 година околу 02:35 часот во Тетово, кога полицијата сопрела патничко возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Т.(22) од Гостивар.
При извршената проверка било констатирано дека возачот имал активна мерка „забрана за управување со моторно возило“. Поради тоа, тој бил лишен од слобода согласно член 297-а од Кривичниот законик, а возилото било привремено одземено.

















