УТРО.мк

Превентивно за срцето: Каријолог предупредува на три опасни утрински навики

Превентивно за срцето: Каријолог предупредува на три опасни утрински навики
Vero

Доктор Шинеду Мадху, кардиолог, предупредува дека некои секојдневни утрински навики можат значително да го зголемат ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.

Според Мадху, прескокнувањето на појадокот е една од најризичните навики – оние кои не појадуваат имаат дури 87% поголем ризик од смрт предизвикана од срцеви болести. Појадокот пред 8 часот наутро помага за здрав циркаден ритам, забрзување на метаболизмот и намалување на ризикот од срцев и мозочен удар. Стручњаците советуваат појадок богат со протеини, сложени јаглехидрати и здрави масти, како на пример овесни снегулки со бобинки или тост со авокадо и јајца.

Друга честа грешка е консумирањето кафе на празен стомак, што може да предизвика зголемување на адреналин, забрзан срцев ритам и повисок крвен притисок. Лекарите препорачуваат кафе да се пие после појадок, особено кај лица со хипертензија или анксиозност.

Третиот ризик е утринскиот стрес – брзање, проверка на негативни вести и напорни активности наутро ја зголемуваат нивото на кортизол и дополнително го оптеретуваат срцето. Мадху советува утрото да започне мирно, со лесно истегнување, медитација, кратка прошетка или лесна физичка активност.

Мали промени во утринската рутина, како редовен појадок, кафе по јадење и мирно почнување на денот, можат значително да го намалат ризикот од срцеви заболувања и да го зачуваат здравјето на срцето.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран