Во Загреб, млад креатор на содржини Бранимир Рамљак (@branefc) ги изненади локалните пензионери со хуман гест – им ги плати сметките на каса во продавница.
„Од роденденска набавка, зимски залихи и потребштини – до баби кои живеат сами… Да се видат нивните емоции и благодарност е чувство што со зборови не може да се пренесе. Некои и заплакаа, а тие солзи не се за камера, нека останат за мене. Срце полно, продолжуваме понатаму…“, напиша Рамљак покрај снимката објавена на социјалните мрежи.
Снимката го прикажува изненадувањето и радоста на хрватските пензионери кои, со голема благодарност, го примија неговиот гест. Акцијата е дел од серијата „Влогмас на добри дела“, а на социјалните мрежи доби десетици илјади лајкови и бројни пофалби за неговата хуманост.



























