
Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар одлучи да си подари луксузна суперјахта вредна околу 20 милиони евра, непосредно по завршувањето на неговата репрезентативна кариера на Светското првенство во 2026 година.
Јахтата, која го носи името Enejota – инспирирано од португалскиот изговор на неговите иницијали „НЈ“, ќе биде негово приватно место за одмор и пловење долж бразилскиот брег.
Според специјализираниот магазин Nautica, пловилото првично било изградено како товарен брод, а потоа целосно пренаменето во луксузна суперјахта. Долго е повеќе од 46 метри, располага со околу 800 квадратни метри корисен простор и е опремено со четири мотори „Caterpillar“, секој со моќност од 1.450 коњски сили.
Купувањето на јахтата следува по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, каде што селекцијата беше запрена во осминафиналето од Норвешка. По натпреварот, Нејмар официјално стави крај на настапите за националниот тим.

















