
Името Хана и оваа година останува најчест избор кај родителите на девојчиња во Македонија, додека Лука продолжува да биде најпопуларно машко име, тренд кој трае веќе неколку години.
Според податоците од Државниот завод за статистика, листата на најчести имиња за новороденчиња покажува стабилни преференции кај родителите, со мали промени во рангирањето.
Кај машките имиња по Лука, на второ место се наоѓа Дамјан, а потоа следуваат Матеј, Марко и Михаил. Во топ 10 се и Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео.
Кај женските имиња по Хана следува Јана, Софија, Дуа и Ана. На листата се и Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.
Податоците укажуваат дека кратките и современи имиња и понатаму се најчест избор кај родителите во земјата.






















