УТРО.мк

Промоција на вториот том „Македонци“ од д-р Бранислав Светозаревиќ вечерва во Скопје

Промоција на вториот том „Македонци“ од д-р Бранислав Светозаревиќ вечерва во Скопје
Vero

Вториот том од книгата „Македонци“ на Бранислав Светозаревиќ, насловен „Сведоштва за идентитетското име и јазикот (1453-1944)“, вечерва ќе биде промовиран во Музејот на македонската борба за самостојност со почеток во 19 часот.

Станува збор за значајно дело посветено на македонскиот идентитет, историското паметење и духовната вертикала на македонскиот народ. Книгата претставува продолжение на првиот том, кој беше преведуван и објавуван во повеќе земји, а во новото издание се презентираат дополнителни докази, сведоштва и научни согледувања за постоењето и континуитетот на македонскиот идентитет низ историјата.

На промоцијата, покрај авторот, ќе се обратат и Стојко Стојков, Михајло Миновски и Никола Жежов, кои ќе ги споделат своите осврти за значењето на делото.

Настанот е отворен за јавноста и се очекува да привлече внимание од академската и културната јавност, како и од сите заинтересирани за прашањата поврзани со македонската историја и идентитет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран