УТРО.мк

Никој не смее да го чепне Боби: Мачката на претседателот доби свое лично обезбедување!

Никој не смее да го чепне Боби: Мачката на претседателот доби свое лично обезбедување!
Vero

Претседателската мачка Боби со државно обезбедување: Индонезија поделенa околу „првата мачка на нацијата“

Мачката Боби, милениче на индонезискиот претседател Прабово Субианто, има право на државна заштита, потврди заменик-државниот секретар Јури Ардијанторо. Изјавата доаѓа по бурни реакции на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледаат претседателски телохранители како го придружуваат мачето на јавен настан.

– Боби се смета за дел од личниот имот на претседателот и, како таков, е под надлежност и заштита на државата, изјави Ардијанторо за списанието Tempo, нагласувајќи дека обезбедувањето не се однесува само на личноста на претседателот, туку и на неговиот имот.

Контроверзното видео го прикажува Боби на собир на љубители на мачки во Џакарта, каде телохранители го придружуваат додека се турка количка со кафез во кој се наоѓа.

Реакциите не изостанаа. Маде Суприатма, истражувач од Институтот за студии на Југоисточна Азија, го критикуваше ваквиот потег, нарекувајќи го „неоправдано користење на јавни ресурси“.

– Мачката не е мајка на нацијата, изјави тој и подвлече дека ниту едно милениче на светските лидери досега не добило ваков вид државен третман.

Дебатата останува отворена – дали претседателската наклонетост кон мачката Боби е симпатичен гест или пример за непотребно трошење на јавни средства?

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран