УТРО.мк

Неверојатна кражба: Од магацин исчезнаа 40.000 литри пиво

Неверојатна кражба: Од магацин исчезнаа 40.000 литри пиво
Vero

Британската полиција трага по сторителите на необична кражба во која од магацин во близина на Ливерпул биле украдени околу 40.000 литри пиво „Гинис“, вредни приближно 155.000 долари.

Кражбата се случила вечерта на 31 август, во индустриска зона во Ранкорн, во северозападна Англија. Според полицијата на Чешир, двајца возачи пристигнале со возила и ги одвлекле двете приколки полни со познатото ирско темно пиво.

Во приколките имало околу 800 буриња „Гинис“, кои биле наменети за снабдување на пабови. Покрај пивото, украдените приколки биле проценети на дополнителни 67.000 долари.

„Позната е изреката дека Гинис е добар за вас, но тоа важи само кога пивото е купено и платено“, изјавил детектив-сержантот Гери МекКлачи, додавајќи дека полицијата ќе направи сè за да биде пронајдена и вратена целата украдена стока.

Случајот привлече внимание и поради слична кражба во САД. Само неколку недели претходно, од магацин во Јужна Калифорнија биле украдени околу 34.000 лименки „Пабст Блу Рибон“, чија вредност била проценета на 70.000 долари.

Производителот на „ПБР“ тогаш на социјалните мрежи објави духовита порака до крадецот и понуди 20.000 долари награда за информации што би помогнале во пронаоѓањето на украденото пиво.

Британските власти засега продолжуваат со истрагата и ги повикуваат граѓаните кои имаат информации за украдените приколки или нивната содржина да се обратат до полицијата.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin