УТРО.мк

Најисплатливото дрво за греење: Гориво што штеди и ја задржува топлината најдолго

Најисплатливото дрво за греење: Гориво што штеди и ја задржува топлината најдолго
Vero

Многу домаќинства во Македонија сè уште користат дрво за греење, а експертите советуваат дека изборот на вистинскиот вид дрво значително влијае на потрошувачката и ефикасноста на загревањето.

Најдобар избор се тврдите дрва како даб, габер и јасен. Тие гори побавно, создаваат повеќе топлина и се трошат помалку, што ги прави најисплатливи за зимските месеци.

Средно тврдо дрво, како бреза или евла, гори побрзо и бара почесто дополнување на печката, додека меките дрва, како борот, се погодни за краткотрајно горење во помали печки. Експертите нагласуваат дека за печки и камини на цврсто гориво најдобро е да се користат тврдите дрва, бидејќи меките и средно тврдите може да го затнат оџакот и да ја намалат ефикасноста на согорувањето.

Иако тврдите дрва се поскапи, нивната долготрајност и поголемата топлинска моќ го прават овој избор најекономичен за целата зима.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран