УТРО.мк

Меморија го отвора Ohrid Wine Festival Vol. 5 на 25 јуни

Меморија го отвора Ohrid Wine Festival Vol. 5 на 25 јуни
Vero

Култната македонска група Меморија ќе го отвори годинашното издание на Ohrid Wine Festival Vol. 5. Бендот ќе настапи на 25 јуни на сцената поставена на охридскиот кеј, како дел од музичката програма што ќе се одвива во текот на трите фестивалски вечери.

Со добро познатите песни и препознатливиот звук, Меморија ќе донесе вечер со емоција, добра енергија и рефрени што публиката ги пее заедно. Нивниот настап ќе биде дел од винската приказна која од 25 до 27 јуни ќе ги спои музиката, виното и охридската езерска магија.

„Постојат песни што не стареат и концерти што се доживуваат заедно. Токму таква вечер ја очекува публиката на 25 јуни на охридскиот кеј“, порачуваат организаторите.

Меморија е дел од музичката програма на петтото издание на фестивалот, а во периодот што следува ќе бидат најавени и останатите учесници.

Ohrid Wine Festival Vol. 5 ќе се одржи од 25 до 27 јуни на охридскиот кеј.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран