
Голема промена во дигиталниот свет – компанијата Meta донесе одлука да ја укине end-to-end енкрипцијата (заштита) на приватните пораки на Instagram, што отвора сериозни прашања за приватноста на милиони корисници ширум светот.
Според официјалните информации, од 8 мај 2026 година, приватните пораки (DM) на Instagram повеќе нема да бидат заштитени со енкрипција, што значи дека содржината на разговорите повеќе нема да биде видлива само за испраќачот и примачот.
Оваа технологија досега овозможуваше целосна приватност – дури ни самата компанија не можеше да ги чита пораките. Со нејзиното укинување, Meta повторно ќе има техничка можност да пристапува до содржината на разговорите.
Зошто Meta ја укинува заштитата?
Компанијата како главна причина наведува дека многу мал број корисници ја користеле оваа опција.
Но, зад одлуката стојат и други фактори:
притисок од влади и институции за поголема контрола
борба против криминал и злоупотреби на платформата
полесно следење на сомнителни активности
можност за подобра анализа на податоци и развој на AI алатки






















