УТРО.мк

Иран се остра закана: Ќе ја уништиме целата енергетската инфраструктура на Блискиот Исток ако САД ги нападне нашите електрани

Иран се остра закана: Ќе ја уништиме целата енергетската инфраструктура на Блискиот Исток ако САД ги нападне нашите електрани
Vero

Војната на Блискиот Исток достигнуваат нов врв, откако Иран упати директна закана дека ќе ја уништи енергетската инфраструктура во регионот доколку САД извршат напади врз неговите електрани и енергетски капацитети.
Според изјави од ирански воени претставници, секој напад врз нивниот енергетски сектор ќе биде проследен со жесток одговор, кој нема да се ограничи само на воени цели, туку ќе опфати и клучни енергетски објекти поврзани со САД и нивните сојузници во регионот.


Оваа закана доаѓа по серија напади врз ирански гасни и енергетски постројки, меѓу кои и стратешки важниот гасен комплекс „Јужен Парс“, што дополнително ја зголеми ескалацијата на конфликтот.


Како одговор, Техеран веќе предупреди за можни напади врз енергетски капацитети во земји како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар, при што дури биле издадени и предупредувања за евакуација на одредени објекти.


Паралелно, од Вашингтон стигнаа остри пораки – американските власти најавија дека доколку Иран не го отвори Ормускиот теснец, кој е клучна рута за глобалниот транспорт на нафта, можно е да бидат цел на напади токму неговите енергетски капацитети.


Оваа размена на закани отвора сериозен ризик од поширок конфликт што би можел директно да ја погоди глобалната енергетска стабилност, бидејќи преку Ормускиот теснец поминува околу 20% од светската нафта.


Дополнително, експертите предупредуваат дека нападите врз нафтени и гасни капацитети веќе имаат реални последици – прекини во производството, раст на цените и страв од глобален недостиг на енергенси.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран