УТРО.мк

Ќе се реставрира Шарената џамија во Тетово

Ќе се реставрира  Шарената џамија во Тетово
Vero

Шарената џамија во Тетово и Хаџи Балабан џамијата во Скопје ќе бидат обновени со финансиска и стручна поддршка од Турската дирекција на Вакуфи. Протоколот за соработка беше потпишан во Турција од поглаварот на Исламската верска заедница, Шакир Фетаи, и генералниот директор на Вакуфите, Синан Аксу.

„Овој протокол е конкретен чекор кон зачувување и пренесување на вакуфското наследство на идните генерации, зајакнувајќи ги институционалните и духовните врски во нашата културно-верска средина“, се наведува во соопштението на ИВЗ.

Фетаи, заедно со муфтиите на Тетово, Штип и Битола, е во неколкудневна посета на Турција. Шарената џамија во Тетово е заштитен споменик на културата и важи за еден од најзначајните архитектонски објекти од османскиот период во Македонија.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран