
Брисел – Европската комисија е свесна за загриженоста на транспортните оператори од Западниот Балкан и активно ја следи ситуацијата со блокадите на граничните премини кон Шенген зоната, изјави портпаролот на ЕК за внатрешни работи, Маркус Ламерт.
Ламерт потсети дека Системот за влез-излез (ЕЕС) не воведува нови правила или барања за должината на престој во Шенген зоната, туку само обезбедува подобра имплементација на веќе постојните регулативи и откривање на нерегуларни практики.
„Сме свесни дека професионалци од трети земји, како возачите на камиони, можат да имаат потреба да останат повеќе од 90 дена во период од 180 дена. Ова прашање е дел од подготовките за претстојната Визна стратегија, која ќе биде објавена оваа недела“, рече Ламерт.



























