УТРО.мк

КАЗНИ ОД 55 ДО 120 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД ВОЗИЛО

КАЗНИ ОД 55 ДО 120 ЕВРА ЗА ФРЛАЊЕ ЃУБРЕ ОД ВОЗИЛО
Vero

Фрлањето отпад од возило, како отпушоци од цигари, пластични чаши, шишиња или гуми за џвакање, станува сè поголем еколошки проблем во многу европски земји. Со цел да се намали ваквото неодговорно однесување, Германија има воведено строги казни кои се разликуваат во зависност од сојузната покраина.

Во Саксонија-Анхалт, фрлањето стаклено шише од возило се казнува со сума од 40 до 80 евра, додека за скршено стакло казните достигнуваат и до 400 евра. Во Берлин, пак, фрлањето крупен отпад како стари гуми може да чини од 75 до 1.000 евра.

За ситен отпад, како што се цигари, хартиени чаши или гуми за џвакање, казната започнува од 55 евра, а во случај на прекршочна постапка може да се зголеми на 80 до 120 евра.

Според податоци на германското Сојузно министерство за транспорт, секоја година околу 17.000 тони отпад нелегално се фрла на автопатите низ земјата. Најголем дел од него завршува на паркинзите и местата за одмор, додека значителен дел останува покрај патиштата.

Службите за одржување на патиштата во покраината Северна Рајна-Вестфалија, како пример, годишно трошат околу 20.000 работни часа за чистење на отпадот од патната мрежа.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран