УТРО.мк

Карлеуша остро го нападна Ѓоковиќ: “Не е добар човек”

Карлеуша остро го нападна Ѓоковиќ: “Не е добар човек”
Vero

Карлеуша со остри зборови против Ѓоковиќ поради поддршката на студентските протести

Српската пејачка Јелена Карлеуша денеска на социјалната мрежа Икс остро го нападна најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, поради неговата симболична поддршка на студентските протести во Србија.

Ѓоковиќ, по натпреварот на Вимблдон, со гест на „пумпање“ го изрази своето сочувство и солидарност со студентите и граѓаните по трагичниот настан во Нови Сад, каде што по уривањето на натстрешница загинаа 16 лица. Симболиката на неговиот потег беше веднаш препознаена како поддршка за протестите против властите во Србија.

Меѓутоа, ваквиот чин не наиде на одобрување од Карлеуша, која е долгогодишна поддржувачка на актуелниот претседател Александар Вучиќ. Таа го искористи својот профил на Икс за да го искаже својот став:

„Спортист кој на теренот меша политика во спортот не е спортист. Спортист кој поддржува насилство и беззаконие во сопствената земја не е спортист. Спортист кој во спортот меша и политика, и сопствените и туѓите деца, ги хушка туѓите деца да не одат на училиште додека неговите одат во приватно училиште – не е добар човек бидејќи доброто удирање, фрлање и шутирање топка не значи и добар човек“, напиша Карлеуша.

Објавата предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што поддржувачите и критичарите на двете јавни личности ги изнесуваат своите ставови. Новак Ѓоковиќ сè уште нема одговорено на ваквите обвинувања.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран