УТРО.мк

Дали сме заробени во црна дупка? Научниците дојдоа до вознемирувачко сознание за универзумот

Дали сме заробени во црна дупка? Научниците дојдоа до вознемирувачко сознание за универзумот
Vero

Научниците сè уште се далеку од целосно разбирање на универзумот – се проценува дека дури 95% од неговата структура е сè уште непозната. Но, благодарение на напредната технологија и телескопи како James Webb, научниците доаѓаат до откритија кои би можеле засекогаш да ја променат нашата слика за реалноста.

Професорот по компјутерски науки Лиор Шамир од Универзитетот во Канзас, анализирајќи податоци од James Webb, открил зачудувачки образец: од 263 набљудувани галаксии, дури две третини ротираат во иста насока – спротивно од она што досегашните модели на случајна распределба го предвидуваа.

Оваа аномалија довела до шокантна хипотеза – дека нашиот универзум можеби се наоѓа во внатрешноста на ротирачка црна дупка. Идејата ја поддржува и теоретскиот физичар Никодем Поплавски, кој смета дека универзумот би можел да биде „роден“ од црна дупка во друг, поголем универзум. Ротацијата што ја набљудуваме во нашата космичка структура би можела да биде трага од таа “мајчинска” ротација.

Алтернативно, Шамир наведува дека оваа појава би можела да е последица од релативното движење на нашата галаксија – Млечниот Пат – и ефектите на Доплеровиот феномен врз набљудувањето на галаксиите. Но, и ова објаснување е сè уште само претпоставка.

Овие сознанија отвораат врата кон сосема нови прашања: Дали реалноста е поинаква од сè што досега сме мислеле? Дали постои граница на нашиот универзум? И дали, навистина, сме затворени во космички ентитет надвор од нашето сфаќање?

Истражувањата сè уште траат, но едно е сигурно – универзумот крие тајни кои може целосно да ја променат нашата перцепција на постоењето.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран