УТРО.мк

Силен земјотрес ја погоди Грција – ова се деталите

Силен земјотрес ја погоди Грција – ова се деталите
Vero

Земјотрес од 4,1 степен регистриран близу Санторини – епицентарот во Егејското Море

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, во 02:25 часот, во Егејското Море, во близина на грчкиот остров Санторини.

Според податоците на Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот се наоѓал на 13 километри југозападно од селото Аркесини, на островот Аморгос. Земјотресот е забележан на длабочина од 11,1 километар.

Засега не се пријавени информации за причинета материјална штета или повредени лица.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран