УТРО.мк

ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола

ИФФК „Браќа Манаки“ го најавува своето 47. издание: Недела на кинематографијата во Битола
Vero

Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, најстариот и прв фестивал во светот целосно посветен на уметноста на кинематографијата, го најавува своето 47. издание, кое ќе се одржи од 19 до 25 септември 2026 година.

Седум дена градот под Пелистер ќе пулсира во знакот на седмата уметност, носејќи средби со врвни светски кинематографери, разговори за филмската слика, инспиративни проекции и незаборавна фестивалска атмосфера што со децении го вградува Битола на мапата на најзначајните филмски центри во светот.

Основан во 1979 година, фестивалот го носи името на браќата Јанаки и Милтон Манаки – визионери и пионери на филмската камера на Балканот, чие творештво остави неизбришлива трага во историјата на светската кинематографија. Нивното наследство и денес е суштината на фестивалот: славење на филмската фотографија како врвна уметност.

Годинешната програма ветува богат и внимателно куриран избор на играни, документарни, кратки и студентски филмови, распоредени во пет натпреварувачки програми што ги отвораат најактуелните авторски, естетски и визуелни прашања на современиот филм. Публиката може да очекува дела што возбудуваат, предизвикуваат и оставаат силен визуелен печат.

Посебно место, како и секоја година, зазема Клубот на великаните – симбол на континуитетот и реномето на фестивалот. Низ изминатите децении, „Браќа Манаки“ ги чествуваше најзначајните имиња во светската кинематографија, автори чии камери ја менувале историјата на филмот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран