
Светските финансиски пазари доживеаја сериозен потрес поради новиот план на САД за преземање контролa врз Гренланд и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини кон осум европски земји.
Цената на златото достигна рекордни 4.690,59 долари, додека среброто се искачи на 94,12 долари, откако инвеститорите се свртеа кон „безбедните засолништа“. Од 1 февруари, Данска, Норвешка, Шведска, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и Финска ќе се соочат со почетни царини од 10%, кои би можеле да пораснат до 25% до јуни.



























